А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судовите донеле 83 пресуди за крадење струја

by А1он06/08/2014 - 09:48143
Share0

Од почетокот на годинава до 1-ви овој месец македонските судови имаат изречено 83 првостепени пресуди на корисици кои краделе електрична енергија. Кривичното дело го сториле со директно поврзување на дистрибутивната мрежа пред мерниот уред, манипулација на броилото, се приклучиле на дистрибутивната мрежа без да добијат Решение за енергетска согласност или самоволно се приклучиле после исклучување поради неплатени сметки, информираат од ЕВН Македонија.

Добивај вести на вибер

Од овие 83 пресуди, девет се однесуваат на кражби на електрична енергија за кои корисниците ќе добијат затворска казна во траење од една година. Парични казни се 23 од пресудите, а крадците на електрична енергија ќе треба да платат вкупно 4 милони денари.

Условни казни добиле 57 корисници. Ако во следните една или две години повторно сторат ново кривично дело, овие корисници ќе бидат принудени да заминат на издржување казна затвор во траење до една година. Освен што се осудени на условна казна тие се задолжени на оштетеното правно лице да му ја надоместат против-правно одземената имотна корист прибавена со извршување на кривичното дело.

Од ЕВН Македонија посочуваат дека вкупната штета која крадците ја направиле на компанијата е околу 25 милиони денари. Државата е оштетена по основ на неисплатениот данок на додадена вредност што не може да се наплаќа на крадената струја. – Најголема штета, велат оттаму, трпат соседите на крадците на електрична енергија. Секаде каде што има кражба, напонот ослабнува и постои голема опасност од пожари, а сериозно загрозени се околината и животите на тие што крадат електрична енегија, но и на нивните соседи.

krazbastruja

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:27

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:4124/12/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен