Судот побара од Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Од:

Барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е испратено до Собранието на Република Северна Македонија.

Од Судот за МИА потврдуваат дека Барањето за произнесување на Собранието на Република Северна Македонија за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски е испратено до законодавниот дом.

Според Деловникот, претседателот на Собранието по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имуинитетиот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинитеклство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски