Притвор за сопственикот на „Дурмо-турс“ и возачот на автобусот

Од:

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија за 30 дневен притвор за три лица, меѓу кои за сопственикот на „Дурмо-турс“ и за возачот на автобусот поради несреќата кај Ласкарци кога животот го изгубија 15 лица.

Двајца од приведените добија куќен притвор, а на едно лице му се определени мерки на претпазливост и тоа одземање
на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во
судот и Забрана за вршење на работни активности.

За седмиот осомничен прифатен е предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост.

Обвинителот Сашо Рајчев од скопското Обвинителство посочи дека неисправните сопирачки на автобусот и недозволената брзина на движење, како и пропустите во работењето на компанијата, се главните причини за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски