Судот одлучува за барањето за притвор на четворицата поранешни министри за земјоделство

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 одлучува по предлог на надлежен јавен обвинител за определување мерка притвор за четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство кои се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Од Кривичниот суд за МИА потврдија дека тројца од четворицата осомничени денеска се изведени пред судија на претходна постапка.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Станува збор за поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, додека полицијата се уште трага по пооранешниот заменик министер Кристијан Делев.

Во соопштението од Обвинителството не е навден идентитетот на осомничените, но дел од медиумите објавија дека станува збор за поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Љупчо Димовски, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.

Би можело да ве интересира

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа