Судот од Ним дозволи екстрадицијата на Миле Хаџиски на Македонија

Од:

Судот од Ним ја одобри екстрадицијата на Миле Хаџиски или Зоран Томовиќ на Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Одлуката на судот од Ним, беше очекувана со оглед дека обвинителот при првото рочиште одржано на 28. август истакна дека на датумот кога е направено делото, тој немаше француско државјанство и нема мотив за да се спротистави на неговата екстрадиција.

Јавното обвинителство од Ним пред да се изјасни сакаше да ги добие оригиналните документи за барањето за екстрадиција од страна на Македонија, пред да се донесе конечната одлуката.

Оваа одлука на на Судот од Ним, ја соопшти неговата адвокатка Селин Алкалд, која одби да дава изјави и коментари по барање на нејзиниот клинет.

Францускиот суд одговори позитивно на барањето на македонските власти, во кое беше побарана екстрадиција на дваесет години бараниот Миле Хаџиски или Зоран Томовиќ, идентитет под кој се криеше во Франција.

Хаџиски беше осомничен во 1993 година за грозоморно убиство на неговата придружничка. По штој беше и осуден во Основниот суд Скопје 2, тогаш надлежен за вакви кривични дела. Тогаш тој доби 20 години затвор, но пред да биде донесена конечната одлука во Македонија, Хаџиски им побегнал на македонските истражни органи со што практично не е докрај разјаснето ова грозоморно убиство.

Во меѓувреме тој свое засолниште нашол во Легијата на странци, под лажен идентитет. Потоа се претпоставува дека тој бил вплеткан во криминалната мрежа на светски познатите ограбувачи „Пинк Пантер“. Уапсен беше лани во Швајцарија каде што му се судело за други дела, а потоа откако побегна од тамошниот затвор фатен е на 19 август во Франција.

Хаџиски има законски рок од 5 дена да ја обжали одлуката на судот за екстрадицијата.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он