Судот на Груевски не му го врати пасошот поради висината на казната затвор, имотот и другите постапки против него

Од:

Апелациониот суд ја објави одлуката со која го одбива барањето на адвокатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да му биде вратен пасошот за да може да патува надвор од земјата. Причините поради кои судиите одлучиле да не ја прифатат жалбата на адвокатскиот тим се неколку.

Груевски се товари за сериозни и тешки кривични дела, па имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела, како и висината на казната затвор што е предвидена за нив, имотната состојба и околноста што против него се водат други кривични постапки за други кривични дела „оправдано може да се очекува дека обвинетиот може да се даде во бегство и да се крие со цел да ја попречи кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.

„Затоа опстојувањето на определените мерки на претпазливост изречени спрема обвинетиот, а како една од мерките за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на понатамошниот тек на постапката е оправдано и по оцена на судот успешно ќе се елиминира опасноста од бегство на обвинетиот и ќе се обезбеди негово присуство, како услов за брзо, ефикасно и економично спроведување на кривичната постапка“, се додава во образложението на одлуката на Љиљана Ивановска Шопова, како претседател на советот и судиите Африм Фидани и Цветанка Периќ.

В. М.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно