ВИДЕО: Судот ќе бара потврда дали лицата кои го вештачеле дедото на Тамара имале лиценци

Од:

Одложено е денешното судење за обидот за убиство на дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски бидејќи Апелациониот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на дедото на Тамара. Сега, судот до наредното рочиште на 14 февруари, од Министерството за правда треба да добие документ кој ќе потврди дали лиценците на вештаците се нови или се продолжени.

Судењето почна од почеток поради промена на судискиот состав. Адвокатката на обвинетиот, Павлина Зефиќ, рече дека останува на приговорот, дека дедото на Тамара го вештачеле лица со истечени лиценци.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

В.М.

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје