Судот ѝ ја одби жалбата на Јанева – останува во затворот во Шуто Оризари

Од:

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот кривичен суд за „А1он“. Тоа значи дека Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Доцна синоќа судијата Седат Реџепагиќ ѝ определи притвор на шефицата во оставка на СЈО, по барање на Обвинителството за гонење организиран крииминал и корупција.

Јанева е третоосомничена во истрагата „Рекет“. Таа, според Обвинителството, му овозможила на осомничениот Орце Камчев поповолна позиција во истрагата на обвинителката Лиле Стефанова за предметот „Империја“, при неизменети околности и предложила да излезе од притвор.

Освен тоа, во план било Камчев да добие статус на заштитен сведок или да му биде понудена спогодба.

Јанева вчера беше уапсена во нејзината куќа во скопско Козле и однесена првин во СЈО, па потоа и во кривичниот суд. Утрово беше донесена на погребот на нејзината мајка во родната Гевгелија.

Шефицата на СЈО е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Доколку биде поднесено обвинение и биде осудена ѝ се заканува казна затвор од најмалку три години.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов