Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен.
Судењето против обвинетиот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на повторно одлучување.
Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот каде со нож беше убоден младиот Ангел Петковски.
Претходно обвинетиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која истата беше потврдена од скопската апелација.
Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.