Судот бара да биде разрешен Александар Даштевски поради тоа што Комисијата утврдила дискриминација на судијката Кацарска

Од:

Кривичниот суд до Собранието пред три дена доставило иницијатива за разрешување на Александар Даштевски, претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација за нестручно и несовесно работење.

Причината за ваквото барање е известувањето од Комисијата до судот за утврдена дискриминација на обвинетата Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк” од судијката Добрила Кацарска.

Претседателот на судот, Иван Џолев, рече дека тоа е преседан и апсурд во судската пракса, Комисија да утврдува дискриминација на судија.

„Не може судот да генерира дкскриминација”, рече Џолев пред новинарите.

Претставката, според Џолев, требало да ја испратат до Судскиот совет.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он