Судир во ВМРО-ДПМНЕ во Охрид поради планот за глумење опозиција

Од:

Судир во ВМРО-ДПМНЕ меѓу старите вмровци и плаираното глумење опозиција. Како што јави Охрид 1 за малку ќе дошло и до пресметки во еден од месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, поради судирот на „старите вмровци“ со претседателот на месниот изборен штаб за тоа  тоа кој треба да биде партиски претставник на гласачките места.

Според информациите на сајтот, во еден  од реонски изборен  штаб на ВМРО ДПМНЕ во една од најурбаните населби во Охрид вчеравечер дошло најпрво до вербална расправија, која кулминирала со кошкање и едвај била избегната посериозна физичка пресметка меѓу членовите.

Групата која себеси се нарекува стари вмровци започнала вербално да ги напаѓа претседателот на штабот и неговите приврзаници и буквално ги избркале надвор од просториите на штабот.

Претседателот на изборниот штаб и другите исфрлени луѓе на помош повикале нивни блиски роднини, сопрузи и синови, по што конфилктот повторно избил со уште поголема жестина и среќа било што сè поминало со незначајна физичка конфронтација на двете групи – тврдат за Охрид 1 членови на ВМРО-ДПМНЕ од овој штаб кои тврдат дека постоеле и видео снимки од конфронтацијата направени со мобилни телефони.

Како што вели сајтот, на „старите вмровци“ им било понудено како компензација за тоа што се исфрлени од списоците за луѓе кои ќе се распоредени на гласачки кутии, наместо тоа да бидат претставници на партии кои би требало да глумат опозиција на локалните избори, односно претставници на нова „опозициска“ партија, во случај СДСМ и  нејзините партнери да не излезат на локалните избори. „Старите вмровци“ се навредиле од таквиот предлог, кој за нив бил понижувачки и навредлив, пишува Охрид 1.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?