Судијката Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка стопирање на сите активности за референдумот

Од:

Судијката Елена Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“ од извори во судот.

Според истите извори, Гошева е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум и таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка.

Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес.

Партијата Левица поднесе иницијатива во која смета дека распишувањето на референдумот е спротивно на Уставот.

Според Левица, Одлуката за референдумот е противуставна и спротивна на Законот за референдум бидејќи, овој документ ги нема сите делови што треба да ги има, се работи за манипулативно и повеќезначно прашање и трето, дека референдумот се однесува и на сојузништвото со Европската унија што подлежи под други правила за одлучување.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска