Судијката Димишкова 1,5 час била на распит кај Русковска

Од:

Весна Димишкова, судијката од Кривичниот суд во Скопје, утрово влезе во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и таму, според информации на “А1он” се задржала 1,5 час. Иако новинарските екипи ја чекаа судијката за изјава повеќе од пет часа, но не успеаја да ја регистрираат низ кој од трите излеза во Обвинителството излегла.

Нема информации за што била повикана судијката во Обвинителството, но неофицијално, поканата е за истрагата за случајот „Рекет“.

Нејзиното име го спомна обвинетиот Бојан Јовановски во снимката која што ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Јовановски во снимката на Камчев му рече дека треба да се почека Димишкова да почекаат да видат „што ќе напраи до среда“.

„Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ, да те цитирам шо зборевме ја и ти“, му рече Камчев на Јовановски.

Медиумите веќе објавија дека во записникот од пријавата за Камчев, се споменуваат судијката Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков.

Димишкова, беше судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК, за истрагата со прислушувањето, и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.

Таа е избрана за судија од 2004 година и го судеше предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска Полетан и предметот против Панде Лазаров, ексдиректорот на поранешното ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ