Судијата Туфегџиќ за одлуката на Апелација за „Еразмус“: Ќе се анализираат причините за укинување на пресудата и напатствијата

Од:

Судијата Владимир Туфегџиќ кој го судеше предметот „Еразмус“ е известен дека тој е вратен на повторно судење, а е за професорите од Економскиот факултет кои добија затворски казни. Туфегџиќ за „А1он“ вели за одлуката е известен додека користел годишен одмор. Причините за укинувањето на пресудата, ќе ги анализира веднаш штом се врати на работа за пет дена.

„За време на користењето на годишниот одмор, известен сум од надлежниот службеник задолжен за работата на моето одделение, дека пресудата е укината во осудителниот дел. Причините за укинувањето на пресудата ќе се анализираат, како и напатсвијата кои ги содржи одлуката на повисокиот суд, особено поради фактот што првостепената пресуда е потврдена во ослободителниот дел што претставува предизвик за секој судија”, вели судијата Туфегџиќ кој ги изрече затворските казни и ослободителната предуда.

Напатствијата од Апелација ќе ги знае и јавноста. Туфегџиќ вели дека по 1 јули, кога тој се враќа на работа, преку портпаролите ќе бидат споделени.

„Секако дека ќе бидат споделени напатствијата, но ќе оставам во тој дел за јавноста известување да даде службата за односи со јавност”, додава Туфегџиќ за „А1он”.

Засега нема информации од Апелација зошто е донесена ваквата пресуда и предметот повторно ќе се суди за осудените.

Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти, за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата Туфегџиќ дополнително кажа дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки. Апелација ја потврдила само ослободителната пресуда на професорот Стојан Дебарлиев. За него, Кривичниот суд, не најде дека го сторил кривичното дело за кое го гонеше обвинителството.

Ваквата одлука на Апелација е донесена откако предметот се судеше четири години, а пресуда се донесе минатата година. Кривичниот суд во март минатата година, го осуди првообвинетиот Шуклев на казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите. Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?