Судијата Шаини остана без имунитет, ама за него нема притвор

Од:

Судскиот совет на денешната итна седница му го одзеде имунитетот на управниот судија Мустафа Шаини, осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување.

На седницата, сепак, членовите на Советот донеле одлука да не го прифатат предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за определување притвор.

Обвинителството донесе наредба за истрага против судијата Мустафа Шаини од Управниот суд во Скопје за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на охридското Езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра.

Осомниченото лице, претходно бил адвокат и ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот Шаини бил избран за судија на Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието