А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судија од Основниот суд во Охрид поткупен со пет илјади денари

by А1он28/01/2016 - 12:35214
Share0

Полицијата поднесе кривична пријава против судија од Основниот суд во Охрид, поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „примање поткуп“.

Добивај вести на вибер

Според полицијата, Р. С. (56) во својство на службено лице вработен како судија во Основен суд – Охрид, во судски граѓански предмет од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп  од пет илјади денари, со цел да го искористи своето службено овластување за да донесе пресуда во корист на туженото трговско друштво.

Во текот на декември минатата година во Охрид, пријавениот се сретнал со претставник на туженото Трговско друштво и притоа  директно од него побарал поткуп во паричен износ од 15 илјади денари, доколку сака истиот како судија односниот предмет да го реши во корист на неговата фирма. Притоа, вработениот во фирмата му кажал дека сумата била превисока и не можел да му ја даде како поткуп. Во текот на јануари годинава пријавениот повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија, при што сумата за поткуп ја намалил на пет илјади денари.

Бараните пари, пријавениот ги примил на пред три дена во просториите на „Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз“ од Охрид. По наредба на судија во присуство на адвокат бил извршен претрес на пријавениот при што во неговиот лев преден џеб од пантолоните биле пронајдени пет банкноти од по илјада денари со обележани сериски броеви и криминалистичко-технички претходно обработени кои ги примил како поткуп. За претресот извршен е записник а парите и неговиот мобилен телефон со потврда се одземени.

korupcijaohrid

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Горан Наумовски11/02/2026 - 16:57

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Горан Наумовски11/02/2026 - 15:17

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Горан Наумовски22/01/2026 - 19:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен