Судиите ќе одлучуваат дали да му ја намалат казната на Грујевски за палењето документи за прислушувањето

Од:

Во Апелациониот суд утре ќе се одржи јавна седница за пресудата во случајот „Тврдина 2“. Бегалецот, Горан Грујевски, кого кривичниот суд го осуди во отсуство за овој предмет, преку неговите адвокати поднел жалба на пресудата до Апелацискиот суд во Скопје. Тој беше осуден заедно со 6 службенички во УБК со образложение дека уништиле документација поврзана со масовното прислушување. Специјалното јавно обвинителство доставило одговор на жалбата.

На пресудата за овој случај се пожалила и службеничката В. С. од УБК, која исто така, судот ја прогласи дека е виновна и ја осуди со условна казна. Поранешниот началник на УБК, кој е во екстрадициски притвор во Грција, судот лани во ноември го осуди на една година и шест месеци затвор за уништување службени документи, од кои, некои биле поврзани со опремата за прислушување.

Пет од службеничките во УБК добија условна казна од 1 година, ако во рок од 3 години по правосилноста на пресудата не го повторат делото. Една обвинета судот ја осуди на условна казна затвор од 9 месеци, ако во следните 2 години по правосилноста на пресудата не го повтори делото. Судот како олеснителни околности при донесувањето на пресудата за Грујевски зеде предвид тоа дека тој претходно не бил осудуван и дека е семеен човек. Како отежителни околности за определување на казната ги зеде предвид степенот на кривичната одговорност, тоа дека го иницирал кривичното дело, како и неговото бегство.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он