Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет

Од:

Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип се нови членови на Судскиот совет, соопшти вечерва претседателот на Комисијата за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, Субхи Јакупи, соопштувајќи ги прелиминарните резултати од денешните избори кои се одвиваа од 8 до 15 часот во изборните места во сите судови ширум земјава.

Комисијата денеска спроведе избори за избор на член на Судскиот совет од редот на судиите од апелациското подрачје Штип и еден член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, која е повеќе од 20 отсто од населението во државава.

Како што соопшти Јакупи, судијата Аритон Ала бил единствениот кандидат на изборната листа за избор на член на Судскиот совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. Во судскиот именик на ниво на Република Северна Македонија биле запишани вкупно 354 судии гласачи, од кои 295 судии го оствариле своето право на глас. Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 42, додека неупотребени биле 59 гласачки ливчиња.

– Кандидатот Аритон Ала од Апелациониот суд Скопје, бидејќи беше и единствен кандидат добил 253 гласа, што значи е избран за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судии од посебна листа на кандидати од Изборна единица Република Северна Македонија, рече Јакупи.

За избор на член на Советот од апелационото подрачје Штип, Јакупи рече имало пет кандидати, додека во судскиот именик на ниво од апелационото подрачје Штип, како изборна единица биле запишани 40 гласачи судии. Вкупниот број на судии кои го оствариле правото на глас е 39, додаде Јакупи, додека само 1 гласачко ливче било неупотребено.

Судијката Мери Гичева од Основниот суд Штип добила еден глас, претседателите на Основен суд Штип и Апелацискиот суд Штип, Ацо Тасев и Тони Делев, добиле по три гласа, судијката на Основен суд Штип Невена Перица добила пет гласа, додека судијката Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип добила 27 гласа.

– Избран член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судии од општа листа на кандидати од апелационо подрачје Штип е судијата Данка Ристова од Апелациониот суд Штип, која добила вкупно 27 гласа, соопшти Јакупи.

Како што појасни, секој кандидат има право на приговор во рок од пет часа од соопштувањето на резултатите, доколку, пак, нема приговори, тогаш по 12 часа се прогласуваат конечни резултати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он