Судењето за „Тарифа“ ќе продолжи на 1. март

Од:

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за предметот на СЈО „Тарифа“, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица, откако на вториот сведок Влатко Чакаровски му се слоши за време на дaвањето исказ. Судењето ќе продолжи на 1 март.

Чакаровски е сведок и на СЈО и на одбраната. Тој е вработен во ЕЛЕМ, а бил член на работната група за имплементација на ЕРП системот. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и оти лекар му предложил боледување.

Претходно судијката му кажа на третиот сведок дека може да си оди и да дојде на 1 март, имајќи ја предвид динамиката на давање искази. Одбраната на обвинетите кажа дека со 160 сведоци ќе докажува дека нивните клиенти се невини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По три години затвор за ексдиректорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и двајца ресорни директори обвинети во „Тарифа“

Маја Илиевска-Пачемска

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Тотал“, „Топлик“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Талир“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Тортура“ и „Тарифа“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

Ана Ололовска