Судењето за Мијалков за набавката на британската опрема почна од почеток

Од:

Поради протек на 90 денови од последното судење, формално од почеток почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. Утрово ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, се појави на судењето, откако во петок преку медицинска документација, неговиот адвокат побара рочиштето да биде одложено. На денешното рочиште беше прецизирано обвинението во однос на износот на штетата.

Предметот е во фаза на доказна постапка и треба да продолжи со сослушување сведоци.

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Горан Грујевски, поранешниот началник на петтата управа, Тони Јакимовски, ексшефот во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ, експомошник министер во МВР член на Управен одбор на Телеком се обвинети дека набавилеа опрема за прислушување во Лондон, 2010 година, но набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“. Според обвинението на СЈО, „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена.

Следното рочиште е закажано за 21 октомври.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески