Субвенции од Град Скопје за 195 граѓани кои купиле печки на пелети

Од:

Град Скопје изврши исплата на надоместок за дел од трошоците за купување печки на пелети, согласно со Програмата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.

Како што соопшти Град Скопје, ова право го стекнале 196 граѓани на Скопје кои ги исполниле условите предвидени во програмата и најбрзо поднеле барања за субвенционирање на трошоците.

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети беше објавен на 12 октомври и до затворањето на повикот (4 ноември) до Комисијата биле поднесени 343 барања.

– Сите барања беа разгледани, при што согласно со предвидените средства прифатени се 196 барања, додека дел од преостанатите барања, или не ги исполнија критериумите или, пак, беа поднесени по исцрпувањето на предвидените средства во програмата, информира Град Скопје.

Повикот беше објавен за да се стимулираат граѓаните за користење обновливи извори енергија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Со субвенциите им се обезбедува враќање на дел од потрошените средства за печки на пелети купени по денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.

Средствата што ги надоместува Градот Скопје се во износ од 70 проценти од цената на купената печка на пелети, но не повеќе од 30.000 денари.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари, но не подоцна од 30 ноември 2016 година.

На јавниот повик немаа право на учество домаќинствата кои имаат приклучок на градското централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти кои  се уште се во фаза на изградба.

Град Скопје планира и наредната година да спроведе активности за надоместување дел од трошоците за набавка и инсталирање печки на пелети во индивидуалните станбени објекти, за што јавноста ќе биде навремено информирана по усвојувањето на буџетот во почетокот на наредната година.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух