Субрата Рој ги скара охриѓани

Од:

Охридските советници одржаа маратонска десетчасовна седница. Седницата на советот која започна во 11 часот, траеше се до 21 часот, а најголем дел од седницата речиси 8 часа помина во расправа за иницијативата на Владата за изградба на хотелски туристички комплекс на потегот Љубаништа – Св. Наум и изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро. На крајот седницата заврши со носење на заклучок по однос на оваа иницијатива во кој стои.

„Советот на Општина Охрид искажува загриженост поради одземањето на ингеренциите на општината од страна на Собранието и Владата на Република Македонија, како и за нетранспарентноста во врска со иницијативата за изградба на хотелски комплекс на потегот Љубаништа – Св. Наум и изградба на аеродром на вода во Охридското Езеро. Советот на Општина Охрид ги поддржува сите инвестиции, особено во туризмот, но секогаш го има во предвид оддржливиот економски развој, зашитата на животната средина, Охридското Езеро и Охрид како светско културно наследство“ стои во заклучокот.

Советниците ги прифатија предлог одлуките за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид и за прогласување на заштитеното подрачје „Студенчишко блато во категорија- Споменик на природата“.

На седницата беше разгледана информацијата за последните пожари во Охрид, при што беше донесен заклучок во рамките на можностите локалната самоупрва да им помогне на семејствата на опожарените куќи.

Седницата помина во напната атмосфера и меѓусебни препукувања и политички обвинувања меѓу власта и опозицијата во однос на најавите за инвестирање на индискиот милијардер Субрата Рој во Охрид.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство