Аналитичарот Суда Мисини започна со штрај со глас пред републичкото собрание како знак на револт поради нехуманиот однос на власта кон мигрантите кои транзитираат низ земјава. Тој побара итно решавање на проблемот, а се дотогаш ќе остане пред Собранието.
Почитувани,
Ве известувам дека од денес 14 јуни, стапувам во штрајк со глад, протестирајќи против нехуманотиот однос кон мигрантите кои транзитираат низ Македонија и катастрофалните услови на кои се изложени, како на отворено, така и во центарот во Гази Баба.
Барам веднаш и безусловно:
1. Законски измени кои ќе овозможат процедура која ќе гарантира безбедност и сигурност при престојот и транзитот на мигрантите низ РМ, слободно користење на сите дстапни превозни средства и професионален и куман третман од страна на сите засегнати институции, како и непречена работа на сите здруженија и поединци кои сакаат да им помогнат на мигрантите на територијата на РМ.
2. Конкретни јавно соопштени мерки и акционен план за заштита на безбедноста, физичкиот интигритет и сопственоста на мигрантите, што во РМ преку Уставот ги гарантира на сите луѓе на нејзина територија, како и мерки за директно справување со сите оние инволвирани во криминални активности насочени против мигрантите.
3. Ургентно затворање на сите правни постпаки во центарот Гази Баба и ослободување на мигрантите кои живеат во невозможни услови како и затврање на истиот се додека не се овозможат хумани услови за престој во овој и други центри наменети за оваа намена.
Р. Македонија како членка на Советот за човекови права на ООН и особено како членка на Советот на Европа, има обврска да ги почитува националните и меѓународните стандарди за човековите права и да овозможи нивна имплементација за сите луѓе на нејзина територија.
Штрајкот трае се до исполнување на горенаведените услови
Со почит,
Суад Мисини