Студентското радио распишува конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант

Од:

Студентското радио на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по четврти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант – „Поезија во глувата соба“.

Право на учество, информираат од радиото, имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка.

Заинтересираните може да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со своите податоци: име, презиме, факултет и контакт, на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 25 февруари.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата Студент ФМ 92,9.

Би можело да ве интересира

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски