Студентскиот пленум го прекина бојкотот на наставата

Од:

Студентскиот пленум реши да ја прекине окупацијата на факултетите. Од утре ќе се одржува редовната настава. Сепак, остануваат алтернативните зони со плакатите кои ќе сведочат за студентската борба за автономијата и Ова е одлуката на Студентски пленум кои по 14 дена окупација на факултетите, вчера постигна договор со власта за целосно нов закон за високо образование. во чија изработка ќе бидат вклучени и студентите и професорите.

-Власта попушти на нашите барања. Ние вчера добивме комлетно нов интегрален закон кој ќе се изработува со нова методологија и во чие изработување ќе бидеме вклучени и ние. Поради заемно постигнатиот договор ние одлучивме да се прекине бојкотот и да се продолжи формалната настава, вели Стефан Видиков од Студентскиот пленум.

За 30 дена ќе се формира основата на новиот закон и ќе се формираат широките работни групи. Потоа, студентите очекуваат за шест до осум месеци да се добие финална верзија на нов предлог-текст на законот.

-Ни беше ветено дека надворешно тестирање нема да има, а од друга страна во работните групи сме присутни ние и професорскиот пленум, заедно со сенаторите, чиј што заеднички став е дека нема да прифатиме никаква форма на надворешно тестирање, рече Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

На студентите им е ветено дека нема ништо да загубат од семестарот и испитите. Тоа ќе се надокнади во текот на следниве денови или ќе се забрза наставата.

– Ќе продолжиме и со алтернативните предавања на кој ќе се зборува за студентските барања, велат од Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

МОН: Поедноставено аплицирањето за финансиска поддршка на ученици и студенти во рамки на новиот пакет антикризни мерки