А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Студентски пленум“ вечерва заседава на отворено

by А1он01/12/2014 - 09:3001/12/2014 - 09:36214
Share0

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ вечерва ќе одржи средба пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Добивај вести на вибер

„Пленумци, дојде време за петтата студентска средба, прва по протестниот марш. Понесете си топла зимска облека и стоплени пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот. Споделете го овој постер на социјалните мрежи и доколку сте во можност, испечатете неколку копии и залепете ги на вашиот факултет“, се вели во соопштението на официјалната страница на „Студентски пленум“.

В понеделник, во 18 часот, најавена е и средба на студентите во Прилеп.

„Ова ќе биде првиот студентски пленум во Прилеп. Добредојдени се сите студенти, но и средношколци што сакаат да се вклучат во дискусијата за актуелните студентски проблеми и за реформата „државен испит” која се планира“, се вели во најавата.

Пред некој ден се одржа студентски пленум на студентите од битолскиот Универзитет „Свети Климент Охридски“, на просторот покрај Техничкиот факултет. Во Битола студентите ги одржуваат пленумите на отворен простор, бидејќи за нив нема слободна просторија на факултетите.

studenti

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:47

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 10:1517/11/2025 - 11:32

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 09:35

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски18/10/2025 - 09:4918/10/2025 - 09:58

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:12

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен