Студентски пленум: Прогласуваме автономна зона

Од:

Студентскиот пленум расправаше по средбата кај премиерот Груевски и одлучи дека остануваат активни се додека мораториумот не се изгласа во собрание, а потоа да се донесе сосема нов закон.

-Многу медиуми денеска чекаа на коментар од Студентскиот пленум за денешните настани и средбата со премиерот Груевски. По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни.

Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв… Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот.

Поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваме будни!
Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен, соопштуваат од Студентскиот пленум.

10428539_1595724110657872_1260400454138169847_n

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар