Студентски пленум по оставката на Давидковски: Сега власта ќе се соочи со нас

Од:

„Свесни сме дека не ги живееме најславните денови на демократијата, но на крај на ум не ни беше дека ќе следи ваков политички реваншизам на еден од најгласните поборници за квалитетни реформи во високото образование, Правниот факултет. Еден од последните бастиони на слободната мисла на нашето мало парче од планетата е најсурово изложен на тиранија и репресија од страна на узурпаторите на универзитетот, но и демократијата во целина, а како директна последица на тоа дојде и оставката од Деканот на факултетот, Борче Давитковски.

Погрешиле во проценката амалите на репресивниот апарат кога помислиле дека Студентскиот пленум ќе остане нем на сево ова, и дека оние од кои го црпеа, го црпат и допрва треба да го црпат знаењето кое очигледно ќе биде потребно најпрво во борбата за слобода, а потоа се останато, ќе останат сами во оваа битка. Со ова сакаме да порачаме дека Студентскиот пленум на Правниот факултет од денес ќе биде на браникот на факултетот во борбата против узурпаторите, противниците на квалитетното образование, ЏЕЛАТИТЕ НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

Во продолжение, сакаме да ги потсетиме „колегите’’ од Студентскиот парламент на Правниот факултет, „претставниците” на студентите на факултетот, да не ни помислат дека веќе започнатата студентска ренесанса ќе ги заобиколи и нив. Допрва следат деновите во кои малигното ткиво на студентското организирање ќе биде разобличено и ефективно апсолвирано!

Почитуван Декане и сите слободоумни професори, ја имате нашата безрезервна поддршка и ви порачуваме дека сега кога власта ве притиска вас, ќе мора да се соочи и со сите студенти на Правниот факултет“, се вели во соопштението на Студентски пленум при Правниот факултет.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки