(ВИДЕО) Студентски пленум: Колку повеќе не притискаат, толку посилни стануваме

Од:

„Јавната расправа“ за Законот за високо образование според Студенстки пленум е консензуален разговор на Министерот и Премиерот пред камерите.

Горан Таневски од Студентски пленум порача дека и покрај 3-те „јавни дебати“, свесното прекршување на Законот, целосното игнорирање на Студентскиот пленум и на самите Универзитети, не се откажуваат.

„Да не дозволиме овој монолог на Владата да продолжи. Студенти да си го освоиме образованието назад“, рече Таневски.

Ова, посочи, е моментот кога треба да се искаже револтот, не само поради лошите реформи, туку затоа што сопствената држава без срам ги игнорира.

„Пак сопствената држава дрско ни се потсмева, невешто не заокружува. Да покажеме дека гласот на студентите не познава политички и национални бариери, да покажеме дека колку повеќе не притискаат, толку посилни стануваме“, вели Таневски.

За во петок во 2 часот пред Владата на РМ ги повика сите на протест и тоа помасовен, побунтовен и покреативен.

Таневски рече – заедно сме посилни!

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар