Студентски пленум ќе разговара со Владата само на УКИМ

Од:

Пред средбата на работната група за високото образование, најавена за денеска, иницирана од Министерството за образование, Студентскиот пленум со став владините претставници да дојдат на Универзитетот:

„Во пресрет на утрешната средба на работната група, за која уште не знаеме време и место, Студентски Пленум инсистира претставници од Владата и Министерството за образование да дојдат конечно на академскиот простор.

Посочуваме дека од овој момент па натаму преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот. Студентски Пленум останува на ставот дека апсолутно е потребен целосно нов закон, и дека со целиот свој капацитет ќе учествува во работните групи кои ќе го изготвуваат.

Ние не гледаме причина зошто претставник од Владата или Министерството не би покажал доблест да се појави на академско тло. Тоа не мора да биде автономната зона, тоа може да биде било кој факултет, Универзитетската библиотека, може да биде Ректоратот, но пред сé може да е студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој најдобро го одразува нивото на грижа за високото образование.

Потсетуваме, претставници на Студентскиот пленум не може да се заменат со претставник на студентскиот Парламент, затоа што мандатот на претседателот Кирил Спироски е истечен од октомври 2014 г. и тој не поседува никаков легитимитет да ги брани студентските права.

Бидејќи ректорот на УКИМ ја свикува средбата на која претставници од Владата и Министерството за образование прифатиле присуство, логично е тие за прв пат да нé посетат.

Универзитетските врати се отворени!“, соопштува Пленумот.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата