Студентски пленум: Итно и безусловно да бидат пуштени нашите колеги а виновните да одговараат

Од:

По вчерашните протести, Студентски пленум соопштува дека биле насилно и брутално приведени студенти и бара нивно пуштање од пртвор, а виновните за тоа да одговараат.

“Нашите колеги и другари на фотографијата, со кои минатата година рамо до рамо ја браневме универзитетската автономија и достоинство, вечерва се насилно и брутално приведени од страна на полицијата. Ова се луѓе кои со своето знаење, доблест и храброст се истакнале во борбата за поправедно општество. Непредизвиканиот насилен однос од полицијата и третманот како хулигани нè убедува уште посилно и погласно да бараме правда во нашата држава!12992861_10209368064733805_39298827_n

Бараме истите итно и безусловно да бидат пуштени, а виновните за пречекорувањето на полициските овластувања да бидат соодветно санкционирани!

Овие другари вечерва физички се повредени, но нивното достоинство е цврсто и здраво! Тие се наши херои!

Се гледаме во 6!

#НемаПравдаНемаМир #Протестираме“, пишува Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите