Студентски парламент: Недонесувањето на Буџетот ќе ја стопира исплатата на стипендиите

Од:

Блокадата на Буџетот би значело стопирање на исплата на студентските стипендии, односно стопирање на парите со кои ние опстојуваме, се школуваме и инвестираме во нашето образование. Сакаме да упатиме јасна порака дека блокирањето на Буџетот е создавање лош имиџ во колективната меморија на младиот човек и евентуално негово недонесување ќе претставува трајно осакатување на младите, изјави денеска Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Студентскиот парламент како организација која ги застапува интересите младите, на студентите, посочи Спироски, се чувствува повикана да излезе во јавноста со свој став во врска со актуелните случувања со недонесувањето и блокадата на Буџетот.

– Студентскиот парламент ќе ги заштити интересите на младите, на студентите и преку овој јавен настап укажуваме дека ќе ги предупредиме сите надлежни дека ќе ги искористиме сите демократски механизми за да ги заштитиме студентите. Исто така, апелираме до политичките субјекти да се изгласа Буџетот и да се откажат од блокада и опструкции, рече Спироски.

Потенцира дека со недонесувањето на Буџетот се доведува во прашање и најавената реконструкција на студентските домови кое е долгогодишно барање, еден од највисоките приоритети на оваа гарнитура на Студентскиот парламент на УКИМ и вистинска потреба на студентите. Исто така, како што нагласи, се загрозува и опстојувањето на научните лаборатории чие функционирање е неопходно за научната наобразба на студентите.

– Во овие 20-ина години стипендиите и кредитите можеби биле мали, нивната исплата доцнела, ни ги крателе средствата, но никогаш претходно не се доведувало во прашање нивното постоење и конечната исплата. Кога низ цела Европа и покрај економската криза секаде студентите се категорија на која не се штети, ние денес се доведуваме во ситуација да се стават под знак прашање стипендиите. Тоа е максимално несериозно, рече Спироски.

Би можело да ве интересира

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата