Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Од:

Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност, се вели во реакцијата на Студентски отпор.

„Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад врз секој студент кој секојдневно се бори со нискиот студентски стандард и високите трошоци. Неуспехот на МОН да го исплати долгот е уште еден доказ дека оваа власт нема капацитет да ги решава вистинските проблеми на младите.

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците! Нема да дозволиме образованието и пристапот до него да бидат жртва на некадарноста на властите. Борбата почнува сега“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти