Студентски марш за подобар стандард: Политичките елити да не мислат само на себе и да се хранат со октоподи и бифтеци

Од:

Поради актуелните последни случувања кои се поврзани со мерката субвенциониран студентскси оброк и студентскиот стандард воопшто, сме видно загрижени како студенти. Апелиравме да се изврши зголемување на износот од 120 на 160 денари дневно се вели во соопштението од Студентски отпор.

– Повторно ги повикуваме пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за македонскиот студент.Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе. Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат.

Маршот на студентите е закажан за поладнево во 17.30 пред Владата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад