Студентите во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ останаа без вода, тие тврдат дека веќе има решение за долгот кон „Водовод“

Од:

„Студентите од Државниот студентски дом „Скопје“, денеска беа непријатно изненадени кога, утрово, без никакво предупредување, беше прекинато снабдувањето на домот со вода од страна на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед на фактот што раководството на „Водовод и канализација“ веќе беа информирани дека за долгот кон нив, за сметките за вода, е веќе најдено решение.

Сакаме да напоменеме и да нагласиме, дека долгот кон ЈП „Водовод и канализација“, не е направен од новото раководство на домот. Напротив се работи за долг стар 5 години, направен од претходното раководство, со што е нарушено живеењето и секојдневните потреби на студентите во домот. 5 години не е платена фактура за вода и тоа е толерирано,кое за разлика од нив новото раководство веднаш по назначувањето ги раздолжи тековните фактури,како што беше договорено.

Во координација со Владата на Република Македонија, и со Министерството за образование и наука, на последната владина седница, во вторникот, на 26 септември, е донесена одлука да се обезбедат средства во потребната висина, за целосно да се покрие долгот за вода на Студентскиот дом Скопје, кон „Водовод и канализација“.

Останува само да се објави одлуката во „Службен весник“ на Република Македонија за нејзина правосилност, по што средствата веднаш ќе бидат префрлени на сметката на „Водовод и канаилзација“. Во координација со Министерството за образование и наука, и со одлуката на Владата, овој наследен проблем, е веднаш решен.

Инаку, ова е трето исклучување на водата во студентскиот дом, секогаш без најава, и се надеваме дека од „Водовод и канализација“ повеќе нема да вршат нарушување на животот на студентите во нашиот дом“ информираа од Државниот студентски дом „Скопје“.

Би можело да ве интересира

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје