Студентите во полски тоалети, а ректоратот се „поднови“ со Мерцедес Е-класа

Од:

Студентите во домовите се без топла вода, без парно, спијат во стари и дотраени кревети, во 21. век користат полски тоалети, ректоратот одлучил да се поднови со ново возило од марката Мерцедес Е – класа, се жалат студентите.

Ова возило чини „само“  65.000  евра, велат академските граѓани, кои за да немаат проблеми, сепак сакаат да останат анонимни.

Студентите реагираат на мизерните услови, но никој ништо не презема, освен што се бришат графитите и се занемаруваат нивните укажувања.

Ректоратот, чекорот го објаснува со неопходност од реновирање на возниот парк, кој нема да биде на товар на државниот буџет.

 

 

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар