Студентите утре ќе маршираат од УКИМ во 13 часот

Од:

Студентскиот пленум повика утре студентите да се приклучат на маршот кој ќе стартува во 13 часот од платото пред УКИМ.

„Студентскиот пленум не застана во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Перцепцијата дека во оваа држава студентските барања би биле слушнати во најмала рака е наивна. Ни треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопшто да можеме да се надеваме дека некогаш студентите во оваа држава ќе бидат задоволени.

Владата се осмели да ни застане на патот, да нè спречи во нашата борба преку покажување на сила врз нас, а воедно и да уапси наши колеги само затоа што го користеа своето уставно загарантирано право на протест и искажување на својот став.

studentskimarsh17maj

Затоа, студентите ќе потврдат дека студентската сила е непобедлива и студентскиот дух непокорлив. Студентскиот интелект е моќ која ниедна влада не сака да ја има против себе. Недемократскиот, нетранспарентниот и одвратниот однос со кој секојдневно се соочуваме нè натера да се насочиме кон подобрување на општеството и проширување на борбата на Студентскиот пленум. Склопот на информираност, интелект, аналитика, време, енергија, дух и искреност е нешто со што ќе треба да се соочи Владата на Република Македонија.

Студентски пленум ве повикува повторно на студентски марш за уште еднаш да покажеме дека нашите дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартиски и секогаш на страна на студентите. Ве повикуваме сите заедно да се одважиме и да создадеме плодна почва од која ќе можеме да ги воспоставиме вистинските вредности во едно општество и вистинските плодови потребни за едно квалитетно високо образование“, стои во обраќањето на Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата