А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Студентите од Стоматолошки со писмо бараат Јанкуловски да го прифати Ивановски за декан

by А1он25/05/2017 - 14:0525/05/2017 - 14:06777
Share0

Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се почитува волјата на мнозинството професори, студенти и специјализанти, односно да се прифати кандидатурата на проф. д-р Ќиро Ивановски за Декан на факултетот.

Добивај вести на вибер

-Одлуката со која назначивте в.д. декан ја донесовте без да истакнете конкретна, аргументирана причина, а со тоа го прекршивте член 54, став 1, алинеа 9 од Законот за високото образование. Целосно ја игнорирате одлуката на Наставно-научниот совет, а со тоа ја нарушувате автономијата на Стоматолошкиот факултет, стои во писмото на студентите до ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски.

Според нив, Јанкуловски треба да постапи според Законот за високо образование и да ја прифати кандидатурата на Ивановски бидејќи ужива поддршка од мнозинството професори, студенти и специјализанти.

– Силно веруваме и Ве охрабруваме да ја промените својата одлука и да постапите правилно. Барањето е подржано од 220 студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет, стои во нивното барање.

Инаку, на 12 декември 2016 година вработените на Стоматолошкиот факултет со мнозинство гласови утврдиле дека единствен кандидат за декан ќе биде проф. д-р Ќиро Ивановски.

„Бидејќи во согласност со законот и статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто цели пет месеци ја игнориравте нашата волја и зошто незаконски постапувате? Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте д-р Мирјана Поповска, редовна професорка на Стоматолошкиот факултет? Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет?“, прашуваат во отвореното писмо наставниците на факултетот.
Претходно и професорите испратија писмо до Ректорот, а на него се потпишаа:
1. Ќиро Ивановски, с.р.
2. Георгиева Силвана, с.р.
3. Апостолска Соња, с.р.
4. Капушевска Билјана, с.р.
5. Мира Јанкуловска, с.р.
6. Славе Наумовски, с.р.
7. Маја Пандилова, с.р.
8. Снежана Пешевска, с.р.
9. Габриела Ќурчева Чучкова, с.р.
10. Лидија Кануркова, с.р.
11. Јанкуловска Евдокија, с.р.
12. Александар Грчев, с.р.
13. Алберто Бенедети, с.р.
14. Стевановиќ Марија, с.р.
15. Златко Георгиев, с.р.
16. Сотировска Ана, с.р.
17. Горѓиевска Елизабета, с.р.
18. Василка Ренџова, с.р.
19. Марија Пеева Петреска, с.р.
20. Весна Коруновска –Стевковска, с.р.
21. Величковски Борис, с.р.
22. Сашо Еленчевски, с.р.
23. Jaдранка Бундевска,с.р.

stomatoloski fakultetukim

Би можело да ве интересира

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он22/11/2025 - 08:53

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Предраг Петровиќ10/11/2025 - 15:30

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски06/05/2025 - 12:3906/05/2025 - 14:04

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Горан Наумовски01/04/2025 - 15:55

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 10:09

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски28/03/2025 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен