Студентите од правните факултети денеска ќе протестираат пред Владата на Македонија

Од:

Како студенти кои избравме да студираме на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни пред долгата тенденција на постапки кои водат кон уништување на нашиот правен систем. Ние сме новата генерација на правници кои и се потребни на Македонија, не корумпирани и посветени на правото и правдата. Но, ние, како активни студенти, сме загрижени дека додека стапиме на позиции во правосудството, правдата може да остане само апстрактен поим, се вели во студенското соопштение.

„Најновите брзи и криминогени изменувања на Кривичниот законик станаа капката што го прелева чашата. Затоа, ние мораме да сме погласни од било кога, бидејќи одлучивме да останеме во Македонија и да се бориме за правда во нашата земја. Со ова обраќање, ги повикуваме сите студенти, професори и граѓани ПОВТОРНО да ни се придружат на протестот кој е закажан за денес, понеделник во 18 часот пред Владата на Република Македонија. ДОСТА БЕШЕ од злоупотребата на европското знаменце како и од користењето и манипулирањето со правото и законите за интересите на политичките елити”, се нагласува во апелот.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он