Студентите незадоволни, Ставрески на Фејсбук дели стипендии

Од:

Студентите незадоволни што им доцни исплатата на студентските кредити и стипендии деновиве на социјалните мрежи дискутираат дали да ги бојкотираат претстојните локални избори како реакција спрема власта која нередовно ја исплаќа месечната поддршка.

Дел од студентите се пожалија дека од почетокот на годинава воопшто не ја добиле месечната поддршка од државата, поради што се ставени во неповолна положба.

Тие се бунат поради тоа што од почетокот на годината не им била исплатена ниту една рата од типовите стипендии (особено тип Б, В стари стипендисти).

Во исто време, велат тие, Владата не им овозможила ниту едно олеснување кога станува збор за плаќањето на испити и партиципации за факултетите.

Исплатата на стипендиите стана пракса да се доцни секогаш и да не се исплаќаат на време, иако најголем број од студентите едвај врзуваат крај со крај во месецот и чекаат пари од родителите, објавува порталот факултети.мк.

Револтирани се поради што Владата нуди се поголеми можности и бенефиции за пензионерите, овозможувајќи им бесплатен превоз, зголемување на нивните пензии, пензионерски кредити и други работи со кои пензионерите имаат голем број попусти, додека пак за најважната група на академски граѓани, не се овозможило ништо.

Студентите – стипендисти упатуваат апел до надлежните да превземат мерки за решавање на овој голем проблем кај студентите и исплатат на стипендии да биде редовна.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски