Студентите ќе формираат Автономна зона

Од:

Студентскиот пленум денеска ќе создаде Автономна зона пред платото на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

По вчерашниот бојкот на наставата на техничките факултети, најавуваат ширење и на останатите факултети.

Студенти од техничките факултети, носеа транспаренти на кои пишуваше „Автономна зона“ . Се блокира наставата на Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ..

Студентите бараат целосно укинување на новиот закон за високо образование, а не само одложување на државниот испит Поддршка за студентите во прогласување на автономна академска зона на универзитетскиот кампус дадоа и од Професорскиот пленум.

Собранието на вчерашната седница изгласа по скратена постапка да ги усвои измените на Законот за високо образование, но гласањето е закажано за денеска откако ќе мине на матичните комисии.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар