Студентите денеска ќе го изберат својот лидер

Од:

На 23 факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска од 9 до 17 часот ќе се спроведе гласање за избор на нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот (СПУКМ).

Кандидати се Шевал Нуредин, студент на Економскиот факултет, поддржан од 29 делегати од СПУКМ, Трајче Митрев, студент на Стоматолошкиот факултет, поддржан од 15 матични студентски парламенти и Кирил Спироски од Правниот факултет, поддржан од пет матични студентски парламенти.

Кампањата за избор на нов студентски лидер на Скопскиот универзитет почна на 28 септември и траеше до понеделникот. Новоизбраниот ќе го замени актуелниот претседател на СПУКМ, Иван Живковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски