(ВИДЕО) Студентите: Дали од сега министерот Адеми ќе ни дава диплома?

Од:

Студентскиот пленум порача – Универзитетот е наш и повторно ќе го освоиме.

На симболичниот протест пред Собранието на РМ, од името на Студентскиот пленум беше порачано дека студентите нема да се откажат од борбата за зачувување на автономијата на Универзитетот и дека повторно ќе се обидат да ја вратат независноста.

„Ќе окупираме, ќе бојкотираме“,ќе блокираме порача во Ана Нешковска од Студентскиот пленум.

Студентите прашаа дали отсега министерот Адеми ќе им дава диплома и дали им треба само партиска книшка за вработување.

-Знаете ли дека никој досега не го оспори нашиот аргумент дека овој закон е пртотивуставен. Ако законот се донесе, еве уште утре можеме да ги распуштиме универзитетите и диплома да добиваме од господинот Адеми лично, откако ќе ни постави 5 квиз прашања.

Студентскиот пленум порача дека нивната борба доживеја трансформација, државниот испит покрена суштински прашања како на пример: Каква е таа Влада која е глува за 10 000 граѓани?

-Ако се усвојат измените во Законот за високо образование, Студентскиот пленум ќе ја продолжи борбата со користење на сите можни вониституционални, како и институционални методиво борбата за враќање на автономијата на Универзитетот, рекоа студентите.

Додека во позадина ечеше стихот „Ропска Македонија“ од песната „Земјо македонска“, студентите го обиколија законодавниот дом со лента како „местото на злосторството“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар