Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Од:

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни.

Температурата ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени