Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладне, а попладне се очекува врнежите да престанат.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус пет до два, а максималната од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне три степени.

Според прогнозата, локални врнежи од снег ќе има и утре претпладне, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник.

Од почетокот на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок, се очекува период на стабилно и суво време, при што наместа утринската температура ќе се спушти и под минус десет степени.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка