Стружанец загина во тешка сообраќајка, со автомобил излета од пат

Од:

31-годишен маж од струшкото село Враништа го загуби животот во сообраќајна несреќа откако со возило „фолксваген широко“ излетал од патот во регионот на Центар Жупа. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

– На 16.04.2023 во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар