Стружанец се обидел да ограби менувачница

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот стружанец  И.Л. кој е осомничен дека извршил две казнени дела, „разбојништво“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, вчера околу 9 часот и 25 минути, И.Л.  со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот.

– Заканувајќи и’ се со убиство, тој со пиштолот ја удрил вработената по главата по што, од сефот и од пулт-касата почнал да ги зема парите и да ги става во црна ташна што ја имал со себе. Во моментот, вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега при што е совладан а потоа и приведен, вели Димоски.

При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле една рачна бомба М-75 ставена во пластична обвивка.

Пиштолот марка „Црвена застава“ што бил сопственост на неговиот татко со кој го извршил разбојништвото, рамката со пет куршуми заедно со пронајдената бомба се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Основниот суд во Струга на И.Л. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност