Стружанец бесправно градел стовариште

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишниот А.М. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот, на 17 декември минатата година во атарот на струшкото село Драслајца започнал да гради објект-стовариште кој се наоѓа на катарстарска парцела број 932/2 КО-Драслајца, северно од индустриската зона во која се наоѓаат фабриките „Борис Кидрич“ и „Полипласт“.

– На барање на полициската станица од Струга, овластен градежен инспектор од општина Струга извршил контрола и увид на објектот во градба. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот, сега пријавениот А.М.,  на катастарската парцела во непосредна близина на мостот на реката Сатеска, започнал со градење стовариште без претходно добиено одобрение за градба. Градежниот инспектор затекнал бетонски темелни стопи во градба кои биле анкерисани со челични столбови, вели Димоски.

Според него, градежната инспекција на Општина Струга веднаш донела решение со кое од инвеститорот се бара да преземе мерки за отстранување на објектот и  локацијата да ја доведе во првобитната состојба.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он