Струшката и Охридската општа болница на т.н Ѕид на срамот на Фондот за здравствено осигурување

Од:

Фондот за здравствено осигурување на својот т.н Ѕид на срамот ги стави и Охридската и Струшката општа болница. Како што информираат од Фондот, ѕидот на срамот нема за цел да ги навреди туку да ги опомени лекарите, бидејќи, согласно Законот за здравствено осигурување доколку лекарот повторно го направил истиот прекршок со второто раскинување на договорот ФЗОМ повеќе не склучува договор со таа здравствена установа.

Затоа многу е важно посочените лекари повторно да не направат прекршок, велат од Фондот за здравствено осигурување во соопштението на својата веб страница.На Општата болница од Охрид и Општата болница од Струга изречена им е договорна казна за неправилности при кодирање на пациентите според ДСГ методологија во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец.

Кај повеќе од 5% од контролираните истории на болест добиен е погрешен ДСГ код во однос на погрешна примарна и секундарна дијагноза или процедура. Со правилно прекодирање се добива друг ДСГ код.

На Ѕидот на срамот се наоѓаат и приватна здравствена ординација по општа медицина од Струга која подолг период работела без медицинска сестра, но и Клиничка болница-Тетово, Општа болница – Велес, Клиничка болница-Битола, Општа болница-Дебар, Општа болница-Кочани, Општа болница-Гостивар, Општа болница-Струмица, Општа болница-Кавадарци.

Табеларниот приказ на раскинати договори е за периодот од 01.07.2011 до 12.07.2012 година велат од ФЗОМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти