Струмичани заработија кривични пријави за затајување данок

Од:

Двајца струмичани добија кривични пријави бидејќи со затајување данок го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 24.533.229 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против ДПУ „Антеа МГ“ ДОО-Штип, М.Н.(43) од с.Мокрино, Д.Ј.(27) од Струмица и В.Т.(40) од с.Пиперово, струмичко, за сторено кривично дело „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Во периодот од 2009 до 2012 година, првопријавениот како даночен обврзник, а второ, трето и четврто пријавените во својство на управители на друштвото за градежништво „Антеа МГ“ не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од 13.500.153 денари.

Во истиот период пријавените пресметале помалку данок на добивка во износ од 11.053.146 денари. По ова, пријавените изготвиле даночна пријава со невистинита содржина и ја доставиле до Управата за јавни приходи.

Со ваквите дејствија, како што информираат од МВР, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 24.533.229 денари. 

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена